Спортски мерцедес „летал“ со 178 км/ч по автопат, го фатил пресретнувач

Гостивар, 20 април 2026 – Гостиварец со спортски модел на мерцедес, вчера попладне „нагазил“ на папучата за гас и возел со брзина за 100 километри на час повеќе од дозволената. Според полицијата која ја објави информацијата на ФБ бил санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

– Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Возилото е одземено а возачот К.И.(44) од Гостивар ќе се соочи со законски предвидената санкција, согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar