Мартин Андоновски прв човек на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар
Гостивар, 19 мај, 2026 – Дипломираниот економист и актуелен член на општинскиот совет, Мартин Андоновски е нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Веста за новата функција на овој триесет идвегодишен гостиварец беше објавена на неговиот Фејсбук профил каде се наведува дека назначувањето е со одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и по предлог на претседателот Христијан Мицкоски. Андоновски има подолг партиски стаж и досега бил носител на функции пред сè во Унијата на млади сили (УМС) каде од организациски секретар станува и генерален секретар.

Тој доаѓа на местото на доскорешниот претседател Гоце Димовски. Во објавата на социјалните мрежи Мартин Андоновски пишува:
– Искрена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за укажаната доверба и поддршка. Оваа функција за мене претставува пред сè голема чест, мотивација, но и уште поголема одговорност. Ќе работам чесно, посветено и достоинствено за организацијата, за членството и за сите граѓани на Гостивар. Благодарност до досегашниот претседател на ОК Гостивар, Гоце Димовски за несебичниот ангажман, посветеноста и работата во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Гостивар, во изминатиот период. Ветувам многу работа, чесен и одговорен пристап, отворена и директна комуникација со членството и граѓаните, како и посветена работа за решавање на секојдневните предизвици. Ќе продолжиме да ја јакнеме организацијата, да бидеме блиску до народот и да работиме обединето, со силна енергија и јасна визија за иднината. Само сплотени, посветени и со искрена љубов кон Гостивар и ВМРО-ДПМНЕ можеме да постигнеме нови успеси и нови победи. Гостивар заслужува.
Покрај Андоновски, на последната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа синоќа беа избрани повеќе претседатели на општинските комитети на партијата.
Коментарите се затворени.