Лидија Размоска Тримовска ја освои наградата ГРАН ПРИ на поетскиот фестивал „Литературни искри“

Гостивар, 24 мај 2026 (МИА) – Поетесата Лидија Размоска Тримовска од Скопје ја освои највисоката награда, гран-при на 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што се одржува во Гостивар. Нејзе и на уште неколку учесници им беа врачени признанијата на пригодната свеченост во центарот за култура „АСНОМ“.


Жири комисијата на овогодишното издание, во состав: Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, за најдобар странски автор го прогласи поетот од Србија Душан Стојковиќ. Првата награда ѝ припадна на Катерина Момева од Битола, втората на Марија Чолакова од Струмица, а третата награда на Игор Поп Трајков од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена шеснаесетгодишната Софија Стојанова од Струмица.

     
Пред свеченото доделување на наградите, дванаесетте финалисти љубителите на поезијата, ги прочитаа нивните песни со кои учествуваа на конкурсот. Оваа година во двете возрасни категории се пријавија 173 поети од Македонија, Романија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Дел од наградените имаа свое видеообраќање поради неможноста за свое присуство.


Во склоп на манифестацијата беше промовирана најновата заедничка поетска збирка „Литературни искри“, во која покрај наградените, се најдоа и автори кои оставиле впечаток кај членовите на жири-комисијата.
Организаторите, здружението „Милениум“ традиционално на наградените поети им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка збирки на книги од домашни автори.
Фестивалот се одржува по дванаесетти пат како дел од одбележувањето на 24-ти Мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Одржувањето беше поддржано од Министерство за култура во соработка со НУЦК „АСНОМ“ Гостивар

89
згм
фото здружение Милениум

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar