ИВЗ и полицијата со превентивни мерки за Курбан Бајрам и фрлањето на отпадоците од закланите животни

Гостивар, 26 мај, 2026 – Претставници на полиција и гостиварското муфтиство по денешната средба испратија апел да се почитуваат основните правила за јавната чистота и заштита на здравјето на граѓаните при колењето на „курбаните“ и одлагањето на отпадоците. Во информацијата од гостиварското муфтиство се наведува дека на состанокот кој бил од координативен карактер учествувале Берат Абдули – самостоен инспектор и Бурим Адеми – заменик-командир на ПС Гостивар и Јусуф еф. Џеладини и Харбин еф. Османи. Тие ја разгледале состојбата пред престојниот празник и предложиле превентивни мерки во врска со колењето на животни на гостиварското подрачје. Како многу важен дел од разговорот е заклучокот за испраќање на апел верниците и да покажат зголемена грижа при колењето на „курбанот“ и да не ги фрлаат остатоците или кожите на отворен простор со што би се избегнала можноста за ширење болести и загадување на животната средина. Препораката е тие да се одлагаат на определните места и да се покриваат со земја. Исто така, за време на состанокот беа разгледани и можностите за репресивни мерки против лицата кои нема да ги почитуваат одлуките и препораките утврдени од надлежните институции.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar