Две големи признанија за СОУ „Маврово-Ростуше“ на SuperschoolsConference2026 во Златибор
Гостивар, 27 мај 2026 – Крајот на учебната година, средношколците од реканскиот крај го заокружија со меѓународни награди. Минатата недела по завршувањето на Конференцијата за образование „Superschools“, на СОУ „Маврово-Ростуше“ му беа доделени две големи признанија.

Од училишната управа информираа дека во рамките на завршната конференција на програмата Superschools и одбележувањето на 10 години од Regional Youth Cooperation Office, училишниот проект „Мирот го бои светот“ беше препознаен како пример за успешна практика и квалитетна имплементација. СОУ „Маврово-Ростуше“ претставувано од професорот Самет Абдули, како координатор на проектот, освои: Best Practice Award и Budget Star Award
– Горди сме што преку пријателство, култура, уметност, екологија и меѓусебно разбирање успеавме да испратиме силна порака дека младите можат да го менуваат светот кон подобро. Благодарност до сите ученици, наставници, партнери и учесници кои беа дел од оваа приказна, стои во дописот од СОУ „Маврово-Ростуше“.

Коментарите се затворени.