Промоција на нова песна: Тамара Грујеска со моќна балада
Гостивар, 27 мај, 2026 – После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior и многуте освоени фестивали и престижни награди, Тамара Грујеска започнува ново музичко поглавје со моќната балада „Срце знае сè“. Песна исполнета со силни емоции, искреност и длабока порака, испеана со моќен вокал и искрен настап, создадена специјално за Тамара од двајца докажани музички имиња, пејачката Андријана Јаневска која е автор на песната и се погрижи за музиката и аранжманот и еден од најплодните македонски текстописци, Огнен Неделковски кој создаде емотивен и квалитетен текст .

„Срце знае сè“ е балада која ја открива зрелоста, емоцијата и музичката сила што Тамара ја носи во себе. Со интерпретација полна со чувство и вокал што допира директно до душата, таа уште еднаш покажува зошто е едно од највпечатливите млади музички имиња на сцената. Ова не е само нова песна, туку ова е приказна за љубовта, за чувствата што не можат да се сокријат и за моментите кога срцето е единственото што ја знае вистината. Секоја нота и секој стих носат емоција што долго останува. За новата песна снимен е видео спот кој е исто така впечатлив. Видео записот е дело на General Film Studio и Дарио Јанковиќ и Ана Марија Јанковиќ како режисер. Нино Стоилковски беше дел од спотот како модел од Max Models. За косата и шминката се погрижи стилистката Ели Илијоска.

Тамара зад себе има веќе 4 песни од реномирани автори како што се „Имам сила“, „Кажи ми кажи ми кој“ со која настапи на детскиот Евросонг во Франција и „Само насмевни се“, (која се врти во последната едиција на Ја-Ја на Радио ЏИ – RADIO G). Покрај најавите за нови снимки и песни, оваа година таа ќе има повеќе гостувања на интернационални фестивали каде што ќе ја претставува Македонија.
Официјалната промоција на песната и видео записот ќе бидат денес (27 мај 2026 година) во 18:00 часот. Во исто време ќе биде пуштена и на 106,4 Радио ЏИ – Radio G и на платформите на кои се емитува програмата и официјалниот ју тјуб канал на Тамара
https://www.youtube.com/@tamaragrujeskaofficial
Коментарите се затворени.