Завршна изложба, Гостивар низ очите на младите

Гостивар, 27 мај 2026 – Во организација на невладината организација Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар утре 28 мај (четврток) ќе се одржи завршна изложба „Гостивар низ нашите очи“. Пред публиката ќе се претстават млади автори кои ќе прикажат нивна перспектива за градот преку уметнички израз. Од ИГИ Гостивар велат дека на изложбата ќе бидат претставени креативни дела, фотографии и визуелни приказни создадени од млади учесници/учеснички кои преку уметност, креативност и интеркултурен дијалог ја претставуваат својата перспектива за Гостивар.

 

– Настанот има за цел да ја промовира младинската креативност, културната разновидност, соработката и активното учество на младите во локалната заедница преку уметнички израз и визуелно раскажување приказни, рекоа од ИГИ Гостивар.

Тие воедно упатуваат и покана до сограѓаните, медиумите, младите, институциите и сите заинтересирани да присуствуваат и да бидат дел од оваа завршна презентација на проектните резултати.

Проектот „Гостивар низ нашите очи“ е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Изложбата ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ и ќе биде свечено отворена од 17:30 часот

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar