Kristijan Rahimovski (Кристијан Рахимовски) издаде нов сингл „GORIM“ (горам)
Гостивар, 28 мај 2026 – Модерна поп-рок песна со силна енергија за љубов која гори без задршка. Така накратко може да се опише новиот сингл на популарниот Кики. По исклучителниот успех на синглот „Putnik“, кој по настапот на Zagrebački festival 2026 ја освои публиката и радиоуредниците и се пласираше меѓу Топ 5 најемитувани песни во Хрватска, Kristijan Rahimovski го претстави новиот сингл „GORIM“. Официјално, од утре, оваа песна ќе се слуша и во програмата на RADIO G.

Станува збор за втор сингл од претстојниот студиски албум и песна која носи сосема нова енергија — моќен спој на модерен поп и рок, исполнет со емоција на безусловна и интензивна љубов. Тоа е љубов што не се крие – „GORIM“ зборува за чувството кога некого го сакаш толку силно што емоциите повеќе не можеш ниту да ги контролираш, ниту да ги сокриеш. Тоа е песна за страст, посветеност и љубов што го обзема целото битие.
Автор на текстот е Marko Lasić Nered, кој преку стиховите пренесе сурова и искрена емоција. „Кога сакаш без задршка, не тлееш — туку гориш, хахаха.“
Модерна продукција со потпис на Natko Smoljan и моќна интерпретација. За разлика од емотивниот и интроспективен „Putnik“, новиот сингл носи поенергичен и подинамичен звук, како и продукција што ја нагласува силната интерпретација на Кристијан.

„GORIM“ спојува современ поп-рок звук со емоција што се чувствува во секој стих и рефрен. Видеоспотот визуелно го засилува интензитетот на песната и ја прикажува љубовта како сила што движи, издигнува и целосно обзема.
По успехот на песната „Putnik“, Kristijan Rahimovski продолжува да го гради својот препознатлив музички идентитет преку песни што спојуваат врвна продукција, автентични емоции и силна интерпретација. „GORIM“ го потврдува неговиот статус на изведувач кој искрено и уверливо ја пренесува емоцијата до публиката. Kristijan Rahimovski за песната: „Ова е песна за љубов што целосно те обзема. Кога сакаш искрено и безусловно, едноставно — гориш.“
линк до видео спотот
Коментарите се затворени.