Изложба „Гостивар низ нашите очи“- уметнички белези во јавниот простор.
Гостивар, 29 мај, 2026 – Со финалната изложба во центарот за култура АСНОМ, вчера попладне беше заокружено деветмесечното патување на повеќе млади гостиварци кои оставија трајни уметнички белези во јавниот простор. Во периодот на дружење и учење, покрај фотографии и слики, беа изработени два графити во две основни училишта и еден монументален мурал поставен во амфитеатарот на градот Гостивар, сите произлезени директно од идеите и визиите на учесниците. Изложбата која ја организира Иницијативата за граѓански интеграции Гостивар е дел Проектот е реализиран во рамки на програмата „Култура за развој“ во период септември 2025 – мај 2026.

Изминативе девет месеци, 40 млади на возраст од 15 до 25 години учествуваа во пет специјализирани работилници. Преку нив се стекнаа со практични вештини од областа на графити и улична уметност, фотографија и визуелни наративи, дигитална уметност и продукција, истражување на локалната култура, како и критичка анализа на општествените теми преку уметност.
– Создадовме простор каде младите почувствуваа дека нивниот глас е важен. Она што особено ме радува е дека низ целиот процес се создадоа нови познанства, разговори и една убава енергија на заедништво, рече Анета Филипоска, проект координатор во ИГИ Гостивар.

Покрај уметничките резултати, проектот придонесе кон поголема видливост на младите од маргинализираните заедници во јавниот и културниот живот на општината, промовирајќи ги вредностите на меѓуетничка толеранција и социјална инклузија. Денешната изложба претставува прилика јавноста, медиумите и претставниците на локалната заедница да ги видат постигнувањата на младите и да се запознаат со пораките кои тие ги упатуваат до своето опкружување.

Од ИГИ Гостивар изразија благодарност до Хартефакт Фонд и Владата на Швајцарија за поддршката која овозможи реализација на овој проект, како и до сите учесници, локалните уметници-ментори и локалната самоуправа чија соработка беше клучна за неговиот успех.„Гостивар низ нашите очи“ е проект на ИГИ Гостивар финансиски поддржан во рамки на програмата „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, која се имплементира од Хартефакт Фонд.

Коментарите се затворени.