Од продажбата на албумот на D’reamers, усреќени пет семејства (ВИДЕО)
Гостивар, 3 јуни, 2026 – Хуманоста има свој звук – и овојпат тој дојде од албумот „Поинаков свет“. „D’reamers“ од продажбата на првиот студиски албум направија нешто повеќе од музички успех – вистинска животна промена. Како што беше претходно најавено, преку продажбата на првиот албум „Поинаков свет“ и средствата собрани на промоцијата, тие обезбедија пари за купување на апарати за домаќинство. Средствата и поддршката што произлегоа од продажбата на првиот албум беа наменети за обезбедување основни уреди за домаќинство неопходни на пет социјално загрозени семејства.

– Ова не е само музичка приказна, туку доказ дека уметноста може да биде двигател на добрина. Наместо само аплаузи и честитки, првите резултати од нивната работа донесоа конкретна помош таму каде што е најпотребна. Со секој продаден примерок, публиката станува дел од едно поголемо дело – дело на солидарност и заедништво. „Поинаков свет“ не е само наслов на албум, туку и визија – свет во кој успехот се мери со тоа колку сме помогнале на другите, велат Сини и Џејмс.
Студиското деби на бендот беше претставено со две промоции, една во Скопје и една во нивниот град, Гостивар.

D’reamers претставуваат музички проект кој со својата искреност и креативност успеа да допре до срцата на публиката низ цела Македонија. Нивниот почеток беше скромен, но продукциски реализиран во „GreenRoom Sound“ студиото во Скопје. Од самиот старт зад проектот стоеше желба да се создаде нешто вредно и да остане трајно издание. Иако јавноста ја следеше музиката, малкумина знаеја што навистина се крие зад целиот процес. Сето ова во тајност го работеа Јордан и Синиша, вложувајќи огромен труд, време и посветеност. Нивната намера не беше само создавање музика, туку и помагање на оние на кои помошта им беше најпотребна. Целиот проект беше осмислен како хуманитарна мисија. Средствата и поддршката што произлегоа од продажбата на првиот албум беа наменети за обезбедување основни покуќни уреди неопходни на 5 социјално загрозени семејства. Дополнително, поддршка доби и едно училиште на кое му беа потребни основни средства за подобри услови за работа. Овој пример покажува дека музиката може да биде многу повеќе од уметност. Таа може да биде мост меѓу хуманоста, солидарноста и заедништвото.
Јордан и Синиша испраќаат силна порака дека вистинските вредности се создаваат кога талентот се користи за добри дела. А како посебно изненадување, веќе е најавено дека и вториот албум ќе биде наменет за поддршка на загрозените семејства, создаден од истите артисти во истото студио на Наташа и Дамир Пух.
тука е и линкот до видео пораката со благодарност
Коментарите се затворени.