Гром ја запечати долговечноста на „Фолтин“
Гостивар, 29 јуни, 2026 – По повод јубилејот „30 години Фолтин – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“, членовите на популарната и долговеччна македонска група со прес конференција во Скопје, во петокот најавија низа активности со кои ќе ја одбележат годишнината.
Членовите на овој алтернативен бенд: Бранислав Николов, вокал, Пеце Трајковски-Брада, гитара, Пеце Николовски, кларинет, хармоника, Гоце Јовановски, бас и Славчо Јовев, тапани, на средбата со преставниците на седмата сила, што се одржа во „Аудиоултура“ во Скопје, најавија дека во наредниот период ќе бидат реализирани повеќе концерти, како и издавачки и мултимедијалчни активности, со кои ќе биде одбележано патувањето на еден од најавтентичните музички состави на нашите простори.
Најпрво вниманието го привлекува нивното име, а еве по кого го добиле. Последната новела на писателот Карел Чапек е насловена „Животот и работата на композиторот Фолтин“.
Всушност има многу интересни податоци од нивниот тридеценски подем на скалилата на светска музичка сцена. Но да тргнеме по ред.
Како што рекоа неуморните битолчани, за нив најважен ќе биде настапот во родниот град, во рамките на „Битфест“, што ќе се одржи во Хераклеа на 29 август, каде што и започна нивната успешна кариера. Во ноември,пак, ќе се одржи концерт во Скопје, како што рекоа, на некое ново, интересно место, се споменува како локација и Железничката станица, а планирани се и настапи низ Балканот.

Најнеобичен настап – свирка во затвор во Париз
Кога веќе ги споменавме необичните места каде тие одржале концерти, тоа секако не може да помине без да се спомене еден необичен настап во Париз, Франција.
– Се разбира ние не би постоеле толку долго да не се концертите и публиката, која секаде не прифаќа одлично. Но, нешто што отскокнува од сето тоа се нашите свирки во два затвори во Париз, Франција. Интереснио дека на првиот концерт свиревме пред опасни криминалци, осудени доживотно. Тие дури ни поставуваа прашања, велеа дека им било убаво. Дваесетина беа и целта беше да се социјализиреаат, да излезат од монотнијата. Се се случи спонтано, на предлог на нашите менаџери во оваа земја. Вториот концерт беше пред џепџии, ситни криминалци, па таму полесно влеговме, без многу протоколи. По овие искуства, сепак, сѐ се заврши како што треба, со настап во еден париски клуб, кој предизвика вистинска еуфорија, бидејќи на него присуствуваа многу разиграни и весели луѓе – велат членовите на „Фолтин“.
Сепак, она со што „Фолтин“ допира до слушателите е нивниот специфичен звук, микс на: рок, алтернативен рок, традиционална музика, џез, фанк, босанова, амбиентална и електронска музика…Имаат богата дискографија, а успешни се и како автори и изведувачи на музика за театар и филм. За нив е карактеристично и тоа што се отворени за соработки, за разни креативни предизвици.

Плочата е наша звучна монографија
– Една година ја подготвуваме оваа програма, некои работи се веќе почнати другите се во подготовка. Секако значајно за нас е издавањето на нашата музика на винил, станува збор за двојниот албум„Foltin live“, со 15 песни, изведени во живо на нашите концерти. Претежно има нумери од коцертот што се случи лани во ноември во Македонска филхармонија и од некои настапи во Бугарија. Всушност плочата е наша звучна монографија. Задолжен за обвивката беше Зоран Кардула, долгогдишен пријател и соработник на бендот. Многу сме возбудени и околу проектот: „Foltin re:composed“, каде наши колеги од целиот Балкан преработуваат наша музика. Од 29 јуни , секој понеделник до крајот на годината на програмата на Радио Метрополис ќе се еобјавува по една преаботена песна. Од петокот е активна и официјалнаѕа веб страница на бендот, а се што ве интересира за активностите, што ќе бидат бројни наредниот период, ќе прочитате на: www.foltin.mk. Се снима и серија кратки, архивски видеа, за некои непознати моменти од нашата кариера, кои ќе се пласираат на социјалните мрежи – велат членовите на групата.
Снимањето на „Милица“ важен дел од историјата на бендот
Во тој контекст, тие на прес-конференцијата споделија една непозната епизода, поврзана со снимањето на песната „Милица“.
– Период кога се правеше песната „Милице“, што ја пее Сенко Велинов, завршницата беше во близина на Битола во викендичката на Ѓорѓи Јолевски, бидејќи тој и Сенко освен што се коелги и блиски пријатели, се и роднини. Се додека пробавме времето беше убаво, па кога завршивме решивме некои од нас да заминат со автомобили по скара, за да се почестиме. Но, за миг сѐ се смени, се случи невреме со грмотевици и ненадејно гром удири истовремено во нашиот автомобил и во една блиска куќа, која и се запали. За среќа нам не ни беше ништо, но секако се исплашивме. Иако Јолевски не беше во автомобилите, толку беше под впечаток на настанот, што оттогаш неброено пати го раскажал и секогаш додава по некој нов елемент. Како и да е, песната до денес минува одлично кај публиката, па можеби токму оваа необична случка ја запечати долговечноста на „Фолтин“ – со насмевка раскажаа членовите на групата.

Подготвени за активниот период пред нив, тие најавија настапи низ целиот Балкан, а во Македонија во тек се преслушувања на новиот албум во повеќе градови. Првата се случи во „Аудиокултура“ во Скопје.
Марија Таушанска
Фото: Тони Цифровски и „Фолтин“
Коментарите се затворени.