Иван Кукиќ го објави вториот албум „Začarani krug“, меѓу гостите е и Раде Шербеџија!

Гостивар, 22 јуни, 2026 – Македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ го објави новиот албум „Začarani krug“ (маѓепсан круг). Ова издание содржи единаесет авторски песни и го продолжува неговиот препознатлив музички пат на кој спојува различни жанровски влијанија и врвно музичко мајсторство.

По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за Croatia Records, Кукиќ, и овој пат под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот, со овој албум повторно го потврдува својот талент како композитор, аранжер, инструменталист и продуцент. Како автор и продуцент на албумот, Кукиќ собра врвна екипа музичари кои со своите изведби дополнително го збогатија звукот на ова издание.

Покрај Иван Кукиќ, кој на албумот свири бас-гитара и акустична гитара и ги изведува вокалните делници, на албумот учествуваат Зоран Трендов на гитара, Влатко Сапламаев на клавијатури, Марјан Стоилов на тапани, Стојан Иванов на перкусии, Слободан Кржев на ритам-гитара и саксофонистот Кирил Кузманов.

Посебна вредност на албумот му даваат и гостинските музичари. Кирил Кузманов гостува на песната „Одам“, Васко Тодоров на композицијата „Без компас“, додека во песната „Молитва за љубав“ се појавува легендарниот актер и поет Раде Шербеџија.

Албумот е мастериран од Борис Шурлан во Midnight Studio, насловната фотографија е дело на Георги Кончалиев, додека за ликовното обликување е заслужен Оскар Пигац.

Иван Кукиќ со музика се занимава од најрана младост, а последдниве години години е басист во составот Влатко Стефановски Трио. Покрај настапите со Влатко Стефановски, успешно го развива и сопствениот авторски пат низ музика која ги спојува рокот, џезот, world music со современ кантавторски израз.

Албумот „Začarani krug“ е достапен како CD издание и може да се купи онлајн.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar