Трагедија во градскиот парк: Девојче починало по пад од лулашка

Гостивар, 10 јули , 2026 –  Девојче на четринаесет годишна возраст починало од повреди задобини по пад од лулашка. Според првичните информации од СВР Тетово, девојчето синоќа во бесвесна состојба била однесена во гостиварската болница.

Фатмир Реџепи портпаролот на СВР Тетово информираше дека синоќа (09.07.2026) околу 20.30 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

– Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во градскиот парк по што била пренесена ургентното одделение во општа болница, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, рече Реџепи.

Неофицијалните информации упатуваат дека девојчето со друграчиња се заиграле во градскиот парк, но се’ уште непознати околности дошло до повредување со фатални последици.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar