Забрзано се работи на зголемување на капацитетот на градскиот водовод, новата линија ќе обезбеди 40% повеќе вода

Гостивар, 9 јули, 2026 – Во тек се работите на новата доводна линија за гостиварскиот водовод со што капацитетот на водоснабдувањето ќе се зголеми за повеќе 40%. Од општина Гостивар информираат дека работите за поставување на новиот цевковод со пречник Ф-400 се одвиваат со забрзано темпо.

– Овој капитален проект се очекува да го зголеми капацитетот за снабдување со вода за пиење за повеќе од 40 проценти. Тоа значително ќе го зајакне системот за водоснабдување во општината, стои во информацијата.

            

Општинските власти сметаат дека со инвестицијата ќе се придонесе во решавање на еден од најголемите предизвици со кои жителите на неколку населби и населени места се соочуваат со години. Недостиг од вода за пиење се појавува во летниот период во повисоките зони и населбите кои се на периферијата.

– Изградбата на новата водоводна линија ќе обезбеди помодерна, поефикасна и поодржлива водоводна мрежа, што ќе обезбеди поквалитетно и посигурно снабдување со вода за пиење за граѓаните, велат од општина Гостивар.

Од локалната самоуправа оценуваат дека новата водоводна линија е стратешка инвестиција за модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

згм

фото општина Гостивар

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar