Промовирана на новото дело на Дејан Крстески „Плутон на таванот“
Гостивар, 7 јули, 2026 – Книжевниот опус на поетот, есеист, романописец, Дејан Крстески од вчера е побогат за уште едно дело. Пред гостиварската пубила синоќа беше промовирана неговата најнова збирка на поезија „Плутон на таванот“.
Во малата сала на ценатрот за култура „АСНОМ“ се одржа промоција во необичен и интерактивен формат, со разговори, читање поезија, што на присутните им овозможи поинакво доживување на книгата.

За делото зборуваа рецензентите и учесниците во програмата, кои истакнаа дека станува збор за зрела и автентична поетска книга што отвора простор за лични препознавања кај читателот. Оценка за најновата книга на Крстески даде професорката Веселинка Лаброска, која истакна:
– Поетите се носечки столб на секоја култура. Носечкиот столб на културата во Македонија е и нашиот Дејан. Неговата поезија е и изблик од душата на сите, рече таа.
На промоцијата, авторот ја сподели својата благодарност за првата средба на книгата со читателите и покажаниот интерес и дека по успешната промоција во Гостивар, книгата го започна своето патување кон читателите

– Вчера „Плутон на таванот“ престана да биде само моја книга. Кога една песна ќе биде прочитана и препознаена од некого, таа почнува да живее поинаков живот. Благодарен сум на сите што беа дел од таа прва средба, рече Крстески.
Книгата „Плутон на таванот“ е седма авторско дело на Дејан Крстески и носи поезија што ги истражува детството, сеќавањето, тишината, семејните односи и внатрешниот свет на човекот.
Дејан Крстески работи како наставник дипломирал македонски јазик и книжевност и психологија. Досега ги напишал: „Поглед кон небото“, „Луѓе без лице“, „Чист хероин“, „Херои од хартија“, „Атласот на тајните“ и „Утрото по крајот на светот“. За негвото творештво ностиле е на неколку меѓународни и домашни награди и признанија.

Коментарите се затворени.