ЈКП Комуналец: Водата во гостиварскиот водовод е безбедна, АХВ превентивно ја забрани за употреба

Гостивар, 17 јули, 2026- Водата за пиење од гостиварскиот водовод е безбедна, последните резултати на анализите тоа го покажаа, велат од ЈКП „Комуналец“, кои управуваат со градскиот водовод во Гостивар. Првиот човек на претпријатето, Арта Асани во изјава потврдува дека вчера се направени вонредни контроли и одговрните здоа мостри од водата. Таа смета дека водата не е загадена.

– Се шират разни пропаганди кои со право ги вознемирија граѓаните. Ги уверуваме граѓаните дека ЈКП во континуитет и редовно прави анализи на водата за пиење. Последните три анализи, направени во текот на овој месец покажаа дека водата е безбедна за пиење и во согласност со законските правила и стандарди за вода за пиење. Сега ги чекаме и останатите резултати по што ќе излеземе со официјално соопштение доколку има некаков проблем со водата за пиење, вели Асани.

Арта Асани директорка на ЈП Комуналец

 

Таа потенцира дека вработените во ЈКП постојано го мониторираат теренот и дека сотојбота е редовна. Дирекотрката, Асани потврди дека вчера имало вонредни контроли, но првичните резултати од терен покажале дека водата е безбедна за пиење.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По вчерашниот надзор е утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем.

– За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораториското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, наведуваат од АХВ.

Случајот со водата за пиење од градскиот водовод стана актуелен откако деновиве беше регистриран зголемен број на граѓани кои побарале медицинска помош поради стомачни тегоби.

По дадени насоки јавен обвинител, полициски инспектори од СВР Тетово, вчера направиле проверки во близина на извориштето на Вардар село Вруток, по пријава и искажан сомнеж во системот за водоснабдување била внесувана вода.

Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот.

– Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик во расчистувањето на овој случај вклучена е и полицијата, изјави Реџепи.

Во јавноста беа изнесени фотографии и видеа на кои се гледа дека со помош на три пумпи од канал се внесува вода во главниот цевковод кој ги снабдува корисниците со вода за пиење.

Од гостиварскиот центар за јавно здравје, утрово изјавија дека претходните анализи, земени понеделникот покажале дека водата во водоводот е здрава и употреблива за користење.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar