Започнува шестото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест 2026“
Гостивар, 20 јули 2026 (МИА) – Со дефиле на учесниците и настап на училишното игралиште во селото Чегране, вечерва започнува меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест 2023“. Годинава се одржува под мотото „фестивал на мирот“ по шести пат и на него ќе настапат фолклорни ансамбли од Колумбија, Италија, Турција, Албанија, Македонија и Казахстан
На вчерашната прес-конференција, уметничкиот директор на фестивалот, Зани Мехмеди, посочи дека освен на ревијалното отворање во селото Чегране, учесниците ќе настапат и во Тетово и Гостивар.

– Во рамки на манифестацијата Тетовско културно лето, ревијални настап ќе има на 21 јули, а наредните два дена на градскиот плоштад во Гостивар, вели Мехмеди.
Годинава, најуспешните ќе ги избира меѓународна жири-комисија составена од реномирани истакнати експерти, етнолози и кореографи како: Франческо Малоци, Мирјана Мирчевска, Беким Рамадани, Бесарта Речица и Теодора Стојановска. Признанијата ќе бидат додели на затворањето на фестивалот и заедничкиот настап во Гостивар на 23 јули.

Организаторите годинава се соочија и со предизвик за реализација на манифестацијата, бидејќи не се остварија и доаѓањата на ансамблите од Мексико и Бурунди. Годинава, проблем било и финансирањето од државата, бидејќи како што посочи Мехмеди, доделените средства биле недоволни, но фестивалот се одржува со добрата волја и поддршка на поединци и компании.
Фестивалот „Рудина фест“, го носи името по месноста на која во 1999 година беше сместен кампот за бегалци по косовската криза и во еден период таму престојуваа близу 40 илјади лица.

згм
фото МИА
Коментарите се затворени.