Експертски тим од скопски водовод ја контролира водата во Гостивар

Гостивар, 23 јули, 2026 (МИА) – Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена, кога дојдовме, беа земени 9 примероци, од кои 3 примероци беа земени од самите каптажи за да се види квалитетот на водата. Таа кажа дека шесте примероци земени од повеќе локации низ Општина Гостивар покажале хемиска неисправност, односно ималома отстапување во однос на резидуалниот хлор.

– Во поглед на микробиолошка неисправност, забележано е отстапување кај сите примероци, што се должи на недоволниот процес на дезинфекција, рече Јанеска.

По извршените консултации со колегите од Секторот за експлоатација и одржување при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во текот на денешниот ден превезени се конкретни чекори.

Емилија Јанеска (лево) е дел од експертскиот тим кој ја проверува водата во Гостивар

– Заменет е типот на хлоринаторот кај каптажата. Започнато е хлорирање со повисока доза на хлор, што е во согласност со Правилникот за безбедност на вода за пиење предвиден за вакви кризни состојби. Оваа концентрација е малку повисока од вообичаената, но е потполно безбедна, рече Јанеска.

Таа посочи дека како претставник на акредитирана лабораторија ќе продолжат во текот на следните денови континуирано да земаат примероци од истите локации за да се има увид резултатите.

– Сè додека не констатираме дека водата е целосно исправна за пиење, ќе продолжиме со овој процес. Во оној момент кога водата ќе биде санитарно и безбедносно исправна за пиење, веднаш ќе биде известен Кризниот штаб.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar