Нападнал медицинска сестра и кршел инвентар во болница
Полицијата повикала на разговор едно лице бидејќи вчера се однесувало агресивно во гостиварската општа болница и физички нападнало медицинско лице кое било на работното место.
Според СВР Тетово, вчера (8 март) околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.
Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.