Општинскиот буџет за 2020 година реализиран 98 %

Гостивар, 9 март Советот на општина Гостивар го прифати и одобри четвртиот квартален извештај за за реализација на општинскиот буџет за 2020 година и ја даде зелено светло за завршната сметка за 2020 година.

            Во дискусиите на седницата на советот по точките на днвениот ред Садри Елези од Секторот за финансии и буџет при Општина Гостивар, нагласи дека спроведувањето на буџетот и покрај пандемијата, достигнало 98%.

            – Завршната годишна сметка е исто така поврзана со четвртиот квартал што го вклучува финансиското работење низ целата година. Буџетот за 2020 беше планиран на над 1,75 милијарди денари, а реализацијата е 1,55 милијарди. Тоа е висока реализација особено во перидот кога владе пандемијата. Во делот на расходите имаме 95,3%, рече Елези.

            Тој посочи и дека реализацијата на приходите од наплатата на данок на имот е слаба и притоа упати апел до граѓаните да ги плаќаат даночните обврски.

            На советниците им беше дадено детално образложение за билансот на приходите и расходите во текот на минатата година што ја имаше општина Гостивар.

з. г. м.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.