Полицијата воведува ред во паркирањето

dav

Гостивар, 5 февруари 2021 Сообраќајците изминативе денови спроведоа акции за отстранување на непрописно паркирани возила во централното градско подрачје. Санкционирани се 67 возачи, а подигнато е 21 возило кои го попречувале безбедното движење на другите учесници на сообраќајот.

Во рамки на засилените активности, гостиварското Одделение за внатрешни работи за поголем ред и безбедност со паркирањето до вчера има изречено 67 мерки за погрешно паркирање. Според СВР Тетово, за два дена биле изречени 20 мерки, кои се однесувале на непрописно паркирање и го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници на сообраќајот.

Прекршоците најмногу биле направени на улиците „Браќа Ѓиновски“, на потегот од Центарот за култура „АСНОМ“ до крстосницата со „Мајор Чеде Филиповски“ и „Гоце Делчев“. Пајак службата подигнала 21 непрописно паркирано возило, кои биле оставени во таканаречени „двојни редови“, како и возила паркирани во  близина на кружен тек и на пешачки премини.

Од СВР Тетово најавуваат дека активностите за поголем ред во сообрааќајот низ Гостивар ќе продолжат до крајот на месецот и при тоа ќе се санкционираат прекршоците и на другите улици во Гостивар.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.