Во февруари речиси секој ден имало сообраќајна несреќа, поради пребрзо возење на автопатот се случиле 24 сообраќајни несреќи
Гостивар, 11 март 2021 Во текот на февруари, полицијата регистрирала 24 несреќи на автопатот „Мајка Тереза“ . Како најчеста причина се наведува пребрзото возење.
Според СВР Тетово, во текот на минатиот месец (февруари) најголемиот број сообраќајни несреќи на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје (24) пред сè поради неприлагодена брзина според условите на патот или неправилно вршење на дејствие.
Од СВР Тетово повторно со апел до возачите да внимаваат и да не је пречекоруваат максимално дозволената брзина на автопатот, каде неретко неконтролирано се движат и животни, најмногу кучиња скитници.
„На тој начин возачите најдиректно ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, дотолку повеќе што пребрзото возење години наназад е причина број еден за сообраќајни несреќи на поширокото полошко подрачје“ наведуваат од СВР Тетово.
з. г. м.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.