Во средното медицинско и гимназијата се реновираат санитарните јазли
Гостивар, 11 март 2021 Во зградата во која се сместени две средни училишта деновие се работи интензивно. Според напишаното на ФБ профилот на на градоначалникот Арбен Таравари отпочнато реновирањето на тоалетите во средното општинско медицинско училиште (СОМУ) и средното општинско училиште (гимназија). Со реновирањето ќе се направат и тоалети за учениците со посебни потреби.
„По потпишување на договорот со Министерството за образование и наука, започнаа работите за санација на сите санитарни јазли во СОУ-Гостивар и СОМУ-Гостивар. За прв пат ќе се градат и тоалети за ученици со посебни потреби“, стои во статусот на градоначалникот Таравари.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.