По земјотресите водата заматена, викендашите го напуштаа Маврово во полициски час
Гостивар, 13 март 2021 Непосредно по тресењето на тлото од Јавното претпријатие за комунални дејности се огласија со сооптение: „Земјотресите кои го погодија синоќа Мавровскиот регион предизвикаа заматување на водата, поради што препорачуваме да не се користи за пиење“.
Градоначалникот на општината Маврово и Ростуше, Медат Куртоски во изјава за Радио Г кажа дека состојбоата засега е под контрола и дека се во постојан контакт со надлежни институции. По првичните проверки на последиците од земјотресите, забележано е заматување на водата во мавровскиот водовод, додека засега не е забележана друга материјална штета.
Земјотресите предизвикаа вознемиреност кај населението во Маврово при што мал ден останале неколку часа во своите автомобили или на отворено. По одобрение од надлежните полициски служби, на близу 30 семејства кои биле во викендички и хотели им било дозволено да го напуштат подрачјето, иако било време на полициски час.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа синоќа регистрирала три потреси, во 20.40, во 22.17 и девет минути подоцна, во 22.29 часот, чиј епецентар бил на околу 65 километри југозападно од Скопје
Најсилен бил оној во 22.17 часот, со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите најсилно се почувствувани од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево.
Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресите биле на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Коментарите се затворени.