Заврши подновувањето во ОМУ „Енвер Стафаи“
Гостивар, 12 март 2021 Деновиве завршија работите за подновување и преуредување во основното музичко училиште. Од училишната управа информираа дека денес конечно е завршена реконструкција на објектот и делот во кој е сместена оваа образовна институција. Изминатиов месец таму се работеше на замена на врати, подовите, инветарот и осветлувањето. Со реконструкцијата беа опфатени и тоалетите, а беа преуредени и кабинетите за настава.
Коментарите се затворени.