Трагедија на „Кеј Вардар“: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар
Гостивар 16 март Едно дете починало, а жена во животозагрозувачки состојба е згрижена во гостиварската болница, по пожар што избувнал во станбена зграда на улицата „Кеј Вардар“.
Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово, неколку минути пред 8 часот. Станарите почнале да ја напуштаат петкатната зграда откако се раширил чад. Неколкумина, кои беа пред третиот влез, се жалеа на последици од чадот и повеќето беа силно вознемирени.
Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за пола час го локализирале огнот во станот број 7 на третиот кат. Со гаснењето спречиле огнот да ги зафати останатите простории и околните станови. Од првичните сознанија на пожарникарите, огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.
По интервенцијата, пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и 35 годишна жена кои набрзо се пренесени со брза помош во градската општа болница.
Станарите, кои со вознемиреност го следеа исходот, потврдија брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета. Засега не се познати причините кои го предивикале пожарот. На местото на настанот беа излезени увидна екипа на ОВР Гостивар и Јавен обвинител и ги утврдуваа околнолностите кои довеле до трагичниот настан
Коментарите се затворени.