Сообраќајците откриле 26 „брзи и бесни “ возачи
Гостивар, 16 март 2021 Сообраќајната полиција вчера (15 март) од 10 до 16 часот спровела акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. Во радарот биле “фатени“ возачи кои речиси за двојно ја надминале дозволената брзина која во овој дел на автопатот Гостивар-Тетово изнесува 80 км на час
При контролата, реализирана во близина на Дебрешкиот натпатник откриени се вкупно 26 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив петмина возеле со брзина поголема за над 70 километри на час од дозволената.
При контролата, исто така, санкциониран е еден сообраќаен прекршок.
Коментарите се затворени.