Уште седумдесет гостиварци во изолација, за неносење маски 22 казни

Гостивар, 16 март 2021  Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на СВР Тетово за периодот (14.03.2021/15.03.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно на 22 лица изготвени им се прекршочни платни налози.

Во овој период на гостиварското подрачје  на 70 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат. Контроли им биле извршени на 319 лица со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.

Во периодот од 22 часот на 15 март до 5 часот на 16 март 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистриран e еден случај на непочитување на забраната за движење и тој бил на тетовското подрачје.

Коментарите се затворени.