Превезувал дрва без дозвола, завршил во полиција

Гостивар, 16 март 2021   Жител на селото Ѓурѓевиште бил лишен од слобода, откако полицијата го запрела камионот што го возел, а во него имало огревни дрва без документи.

Според СВР Тетово, вчера (15 март) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар, во гостиварски Добридол, го лишиле од слобода А.И. (23) од гостиварско Ѓурѓевиште. Тој претходно како возач на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во камионот, превезувал огревни дрва без потребните документи.

Возилото и дрвата со потврда се одземени и предадени ѝ се на Шумска полиција за натамошна постапка.

Случајот се расчистува и против А.И. ќе следува поднесок.

Коментарите се затворени.