За неносење маска казнети 23 гостиварци, во изолација 340 лица
Гостивар 18 март 2021 Полицијата изминатово деноноќие спровела повеќе активности поврзани со уредбата на владата за заштита од корона вирусот.
Според статистиката на СВР Тетово изминатото деноноќие, во периодот (17.03.2021/18.03.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 23 лица изготвени им се прекршочни платни налози.
Во истиот период на гостиварското подрачје на 9 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на 340 лица со вакви решенија. При тоа не било констатирано непочитување на решенијата.
Во периодот од 22 часот на 17 март до 5 часот на 18 март 2021 година во Гостивар регистриран е еден случај на кршење на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.
Коментарите се затворени.