Напиен дивеел во кафеана и завршил во полициска станица
Гостивар, 18 март 2021 Заради агресивно однесување и упатени навреди, гостиварец синоќа бил приведен во полициска станица. Тој претходно одбивал да ја напушти кафеаната и во алкохолизирана состојба правел неред.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (17 март) околу 20 часот и 50 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го привеле 52-годишниот Р.А. од гостиварски Балиндол. Тој, во угостителски објект на улица „Беличица“ во Гостивар го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници.
По приведуавњето задржан е во Полициската станица Гостивар и ќе му биде изготвен поднесок по член 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Коментарите се затворени.