За неносење маски казнети 38 лица, близу 500 во изолација, имало три прекршување на полицискиот час
Гостивар, 26март 21021 Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на СВР Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 38 лица изготвени им се прекршочни платни налози. Во овој период на гостиварското подрачје на 29 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат.
Во текот на вчерашниот ден биле извршени контроли на 429 лица со вакви решенија и притоа не било констатирано непочитување.
Во периодот од 22 часот на 25 март до 5 часот на 26 март 2021 година на подрачјето на Гостивар регистрирани се 3 случаи на непочитување, односно на кршење на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните.
Коментарите се затворени.