Казнети 36 возачи за недозволено престигнување
Гостивар, 30 март 2021 Во последната акција на сообраќајната полиција низ гостиварско откриени и санкционирани се 36 возачи кои престигнувалe на места каде тоа не е дозволено.
Според СВР Тетово, вчера (29 март) во периодот од 14 до 19 часот на била спроведена акциска контрола за неправилно престигнување. За тоа време вкупно биле откриени и законски санкционирани 36 случаи.
– Најголемиот број од прекршоците (26) се однесувале на престигнување на места каде било забрането, а преостанатите на непрегледни места и на престигнување во колона. На сите прекршители изготвени им се соодветни санкции, наведуваат од СВР Тетово.
Во тетовско биле откриени 23 вакви прекршоци, а при контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови прекршоци.
з. г. м.
Коментарите се затворени.