Нападнат пазаришен инспектор, приведени двајца

Гостивар, 9 април 2021  Пазарен инспектор кој бил на должност пријавил физички напад од две лица. Подоцна полицијата ги привела и задржала за да се расчисти случајот.

Според СВР Тетово, вчера (8 април) во 19 часот и 45 минути, Г.Ј. (52) од Гостивар пријавил дека околу 19 часот, бил физички нападнат. За време на нападот како пазарен инспекторот преземал службени дејствија во трговски објект во гостиварската населба Малеарди. За нападот го посочил Р.С.(49) од гостиварско Галате. Пријавениот Р.С. набрзо е лишен од слобода. Исто така и Е.А.(28) од Врапчиште, поради сомнение за негова инволвираност во овој случај.

Двајцата Р.С. и Е.А. се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

Коментарите се затворени.