Егизбиционистот од кеј заработи две казни, за скршениот знак
Седумнаесет годишникот кој пред некој ден во обид да сними видео за социјалните мрежи, оштети сообраќаен знак од полицијата доби две пријави. Видеото на кое се гледа како во близина на кејот тој со квадрицикл прави обид да се искачи на еден од бреговите на Вардар, наиде на реакции во јавноста, а полицијата почна да трага по сторителот. Од СВР Тетово информираат дека го идентификуваала и санкционира лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците”Живко Брајковски” и “101” во Гостивар, преминува преку тротоарот и удирајќи со четирициклот оштетува сообраќаен знак. Снименото видео подоцна го објавил на социјалните мрежи.
Тој, попладнево е повикан и со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар.За сторените прекршоци, нему му се изготвени му се два поднесоци по Законот за возила.
згм
Коментарите се затворени.