Меморандум за соработка помеѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO
Гостивар, 23 април 2021 Гостиварската локална самоуправа потпиша меморандум за соработка во сферата на екологијата со Еколошката организација за млади – EYO младинската. Според општинските власти, со овој меморандум ќе се обезбеди рамка во која ќе бидат опшфатени предлози и програми за соработка помеѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO и се однесуваат на заштитата на животната средина, социјална инклузија на младите, подигање на свеста кај младите луѓе преку спроведување на активности за соработка и програми од областа на екологијата.
– Се предвидува интеракција преку состаноци и конференции, чистење и одржување на јавни простории, засадување на дрвја, цвеќе, уредување на зелените површини и други активности во областа на заштита на животната средина, посочија од општина Гостивар.
Во меморандумот е наведено дека во заемната соработка посебно внимание ќе се посвети на подигнување на свеста кај младите за заштита на природата и животната средина со дебати и предавања на експерти од оваа област.
згм
Коментарите се затворени.