Таравари: Граѓаните ќе одберат кој ќе биде градоначалник, а не Ахмети

Гостивар, 28 април 2021 Арбен Таравари, гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на партијата Алијанса за албанците, врати на прозивката што ја упати Артан Груби, заменик на претседателот на Владата на РСМ.

Во последен пост на Фејсбук, Таравари се осврна на изјавата во која функционерот на ДУИ најави смена на актуелното општинско раководство по локалните избори наесен.

– Зарем оние што се на власт и уништуваат веќе 20 години, оставајќи го Тетово без вода, Зајас без канализација, имаат уста да зборуваат за промена? Тој, внукот на Али Ахмети зборува дека ќе се отворат 3 фабрики во Гостивар, продолжува со стратегијата на лаги на ДУИ и потврдува дека секое државно земјиште е злоупотребено. Па уште и дека најспособниот ќе биде во трка за градоначалник, ама со амин од Ахмети. Но, дали мислат дека Гостивар е градината на Али, па тој може во неа да сади праз и пиперки, како и кога ќе му текне.

За нас, во Гостивар во трка ќе биде онаа личност која ќе добие одобрување од луѓето од овој град, па да видиме кој ќе победи: Изборот на Ахмети или изборот на Гостивар!!!

П.С. Благодарност до Артан Груби што нè критикуваше, тоа е бесплатна реклама за нас!

Напиша Таравари на Фејсбук.https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10225590635693797

Коментарите се затворени.