Гостиварската пошта наскоро ќе добие нов лик
Гостивар 17 мај 2021 Поштата во центарот на градот ќе добие нова шалтерска сала и канцеларии. За реконструкцијата на главниот поштенски објект беше распишан тендер и наскоро се очекува да започнат работите. Првиот човек на „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули оцени дека инвестицијта е оправдана.
– Гостивар заслужува да има модерна пошта која ќе ги опслужува компаниите и граѓаните. На тендерот се пријавија 8 фирми и наскоро ќе го избереме најсоодветниот. Мислам дека брзо ќе почне и планирата реконструкција на главната пошта, рече Макрадули.
Тој присуствуваше на новата експозитура која се наоѓа во близина на судската зграда, а за локалцијата смета дека ќе биде од голема корист, со оглед дека во овој дел на градот има многу адвокати, нотари и граѓани кои плаќаат административни такси.
Директорот Макрадули смета дека со зголемувањето на обемот на работа, државната пошта ќе го зголемува и бројот на вработените, бидејќи како што рече, тоа ќе биде неопходно.
Покрај инвестицијата во отворањето на новата експозитура, националната пошта од сопствени извори ќе го финансира подновувањето на главната пошта, проект вреден близу 200 илјади евра.
Коментарите се затворени.