Казнети 16 пешаци, за поминување вон пешачки премин ќе платат 50 евра
Гостивар, 21 мај 2021 Полицијата во текот на вчерашниот ден 10 до 15 часот, на тетовското и гостиварското подрачје ги следела прекршоците кои ги прават пешаците во сообраќајот. СВР Тетово информира дека во Гостивар вкупно откриени се 16 прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочаат со глоби кои се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност.
СВР Тетово апелира до пешаците да ги преминуваат улиците на обележани премини, да ја почитуваат светлосната сигнализација на крстосниците и да се движат таму внимателно на месата каде што нема офоремни тротоари. Повеќе внимание треба обрнат родителите и да не ги пуштаат децата сами на улица, за да не се изложат на опасност.
На возачите им се укажува да ја намалат брзината пред прешачките премини и секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштат пешаците. Недавањето предност на пешаците, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се санкционира со изготвување на поднесок и со глоба во износ од 200, односно 250 евра во денарска противвредност.
Коментарите се затворени.