Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси

Гостивар, 25 мај 2021   Две невладини организации од Гостивар организираа Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси. На штандот во центарот на градот, граѓаните беа информирани за мандатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси.

Организаторите на настанот Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Иницијатива граѓански интеграции (ИГИ)  напоменаа дека „инфо-денот“ е дел од проекот во кој беше и истражувањето Проценка на ранливи области на локално ниво и чии што наоди беа презентирани на јавни дебати

– Нашата улога како граѓански организации е да ги информираме граѓаните за сите средства кои им се на располагање да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица. Тоа би значело и поголем притисок врз институциите да развијат систем на интегритет, превенција и сузбивање на корупцијата, изјави Катица Михајловиќ од АДИ. Таа нагласи дека целта е зголемување на свесноста и храброст на граѓаните да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица.

Новиот Закон за спечување на корупција и судир на интереси кој беше усвоен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на ДКСК и обезбеди поефективни механизми за постапување. ДКСК во текот на 2020 година прими 550 пријави од граѓани со сомневања за постоење коруптивно однесување.

Од невладините организации АДИ и Иницијатива граѓански интеграции (ИГИ)  и во следниот период ќе бидат отворени и достапни за граѓаните кои сакаат да пријават корупција и судир на интереси, преку пружање на информации и насоки каде и како да пријават корупција. згм

Коментарите се затворени.