Промовирани матурантите од средното техничко училиште во Гостивар
Гостивар, 26 мај 2021 (МИА) Со прогласување на најуспешните ученици и доделување на признанија, се заокружи промоцијата на последната генерација (2017-2021) матуранти во општинското средно техничко училиште (ОСТУ-Гостивар).
Годинава 155 средношколци кои изучуваа технички струки на три наставни јазици ќе добијат дипломи по официјалниот крај на учебната година. Тоа беше најавено на церемонијата која беше организирана по тој повод. Директорот на училиштето Бесир Салиу на матурантите со честитката им посака успех и кажа дека е горд на она што го постигнале.
Според постигнатиот успех, на свеченоста беа прогласени учениците на генерацијата. Годинава тоа се: Ариф Скендеровски од паралелките на турски јазик, Маријана Петреска од македонските паралелки и Семира Елези од албанските.
Раководителката на секторот за образование од општина Гостивар во обраќањето се заблагодари на истрајноста како на родителите, така и на учениците и нивните наставници кои како што рече предизвикот да се реализира во целост онлајн наставата, во услови на пандемија. згм
Коментарите се затворени.