Каде заглавија платите за помошниот кадар во училиштата ?!
Гостивар, 4 јуни 2021 Локалната власт со преставниците на училипните управи одржаа состанок на кој се разгледуваше состојбата со исплатата на плати за помошниот пероснал кои доцнат веќе втор месец. Од состанокот произлезе дека Министерството за финансии не ги префрла парите за наменти за училишта во општина Гостивар.
Според Аслиан Снопче раководителот на Секторот за образование, иако побарале образложение, не добиле одговор од надлежните.
– Иако е предвидено со закон и со одобрение од Министерството за образование, Министерството за финансии не дава пари за помошниот кадар во кој спаѓаат правниците, сметковителите и хигиеничари во некои училишта во Гостивар. Во два наврати побаравме да ни се одоговри за да ја надмине оваа состојба, но одговор не сме добиле. Општина Гостивар ќе бара решение за проблемот пред повисоките инстанци, но за да не стигне до таму, бараме начин да се излезе од овој ќор-сокак, кој е создаден без законска основа, појасни Снопче на состанокот.
Покрај оваа тема, со раководствата на општинските училишта беше дискутирано и за резултатите од оваа учебна година. Меѓу другото, некои директори предочија на проблем кој би можел да се појави за престосјната учебна година. Во меѓувреме, со промената на наставната програма од следната година, некои наставници со договори за трајно вработување ќе бидат прогласени за технолошки вишок. За да се избегнат поголеми последици, беше речено на состанокот, потребно е да има измени или да се бараат начини во склад со законски решенија и ингеренциите на локалните и централните власти.
Раководството на општина Гостивар и директорите на јавните основни и средни училишта оценија дека учебната година и резултатите се задволителни. За постиганиот успех, општина Гостивар на 17 јуни, општина Гостивар ќе им се заблагодари на учениците и на нивните наставници.
Во Гостивар во учебната 2020/21 година имало околу 9.000 ученици во основните и средните училишта, за чие образование се грижеле близу 1.200 наставници.
Коментарите се затворени.