За шест часа казнети триесетина „пребрзи“ возачи
Гостивар, 5 јуни 2021 Полицијата вчера (4 јуни) во периодот од 14 до 20 часот спроведен засилена акциска контрола. Целта била санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Санкционирани се 29 возачи кои пребрзо возеле по сообраќајниците на територија на Гостивар. Најголемиот број возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а имало такви кои ја надминале дзоволената брзина за над 70 км/ч.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, вели полицискиот портпарол Марјан Јосифоски.
Коментарите се затворени.