Во Гостивар отворена продавница на ланецот ДМ (dm drogerie markt)

Новата продавница ги отвори вратите во 9 часот, дел од вработените со насмевка и балони ги пречекаа првите купувачи

Гостивар, 10 јуни 2021   Гостивар стана побогат за уште една трговска марка. Ланецот на дрогерии ДМ отвори филијала која е сместена во Сити Центар. На првиот ден од работењето, компанијата издвои средства за реновирање на гостиварската служба за Брза помош.

По неколку неделни подготовки, од утрово започна со работа деветнасетата (19) филијала на ланецот ДМ Дрогерии во Македонија.

Во новоотворената, продавница во Гостивар, граѓаните ќе може да набават прозводи од широката палета на производи за нега и убавина, бебиња и домаќинства и здрава исхрана. Особено атрактивни за купувачите ќе бидат намалените цени (попуст од 15%) кои ќе важат до крајот на неделата.

Од овој месец нови вработувања добија осум лица кои во продажбата ќе ги следат високите стандарди по кои ДМ се познати ширум Европа. Според мотото на компанијата „Тука сум човек, тука купувам“ може да се очекува дека посетата на овој прсотор од 400м2 ќе биде посебно доживување.

Чек вреден две илјади евра му беше врачен на првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом Гостивар за реновирање на просториите на брзата помош

Почетокот на работата на продавницата во Гостивар, компанијата DM (dm drogerie markt) го означи со општествено одговорен ангажман во локалната заедница. На Здравствениот дом, му обезбеди реновирање и подновување на просториите во кои функционира службата за брза помош.

ДМ/dm дрогерие маркт е еден од најголемите дрогериски ланци во Средна и Југоисточна Европа. Во Македонија, вакви продавници има во уште шест градови.

Коментарите се затворени.