Двајца гостиварци пријавени за насилство врз жени

Гостивар, 10 јуни 2021 Еден гостиварец е задржан во полицика станица под соменине дека физички ја нападнал сопругата, а друг за физички напад врз жена со која претходно бил во љубовна врска.

            Според СВР Тетово, ноќеска (10 јуни) околу 3 часот и 15 минути, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л. (37) од Гостивар. Тој, еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга.По пријавата В.Л. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

            Физичко насилство врз жена е пријавено и во уште еден случај. Од СВР тетово информираа дека вчера (9 јуни) попладне (16 часот и 35 минути), гостиварката Ф.Е. (27) пријавила дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар физички била нападната од Г.Н.(39) од гостиварско Чегране. Двајцата претходно биле во љубовна врска. Случајот целосно е расчистен и на Г.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

згм

Коментарите се затворени.