Уписите за полуматураните започнуваат од понеделник, отворен ден во средното медицинско

Гостивар, 10 јуни 2021    Уписите за прва година средно образование, започнуваат од понеделник. Според конкурсот, во четирите средни општински училишта има место за речиси 1.600 полуматуранти.

На неколку дена пред почетокот на уписите, училишните управи се трудат да привлечат што повеќе ученици кои би се стекнале со стручно образование.

На крајот од учебната година, учениците од општинското средно медицинско училиште ги презентираа стекнатите знаења. Со мерења на нивото на шеќерот во крвта, крвниот притисок, преврски на повреди и примери на медицинска нега, младите медицинари ги презентираа стекнатите знаења. Училишниот менеџмент и наставниците на отворениот ден даваа и дополнителни информации за начиниот на кој се одвива наставата. Тоа ќе им биде неопходно на родителите и учениците кои завршиле основно образование. Годинава во медицинско има место за 272 ученика на три наставни јазици

-Поради пандемијата не можевме да организираме настани. Откако се укажа можноста ја искористивме и еве на отоврено без маски го промовираме училиштето и да испратиме порака дека секој треба да внимава на превенцијата на здравјето, рече Дијана Бојоска, заменик директор на училиштето.

Отворениот ден во средното медицинско е непосредно пред уписите на полу матурантите, па можноста ја искористи и делегација од општина Гостивар. Одговорната за секторот за образование, Аслијан Снопче потсети дека полуматурантите кои се запишуваат по прв пат, потребните документи треба да ги поднесуваат од 14 до 17 јуни. Таа посочи дека во Гостивар има широка понуда што дава можност да се направи вистинскиот избор за натамошно образување.

            Во медицинското има место за 272 ученика, во техничкото 374, економско 272, а во гимназијата 374.

згм

Коментарите се затворени.