Приведени тројца странци: дошле како туристи, работеле како ѕидари
Гостивар, 11 јуни 2021 Полицијата привела тројца странци кои во Маврово работеле на градилиште, под сомнение дека немале работни дозволи.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (10 јуни) околу 10 часот и 40 минути, во Маврови Анови, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар привеле тројца албанските државјани.
За Д.К.(24), Г.К.(52) и М.К.(49), има сомнение дека кои го злоупотребиле туристичкиот престој и изведувале градежни работи на објект. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
Коментарите се затворени.