Социјални станови нема да се делат до крај на летото
Гостивар, 14 јуни 2021 Затворени врати, спуштени ролетни. Запуштен двор. Сликата укажува дека петкатен објект е без станари. Зграда со две ламели во која има седумдесетина станови треба да го ублажи проблемот со домување на социјално загрозени семејства.Првиот човек на ресорното министерство Благој Бочварски даде неодреден одговор на прашањето зошто се доцни со вселувањето.
-Ќе ве информираме, веднаш штом биде распишан повикот. Има одреден рок од 60 дена во кој граѓаните ќе може да може да соберат документи и да аплицираат. Не сакаме да испадне целата процедура затскриена и туку отворена и транспарентна. На крајот и ќе бидат објавени резултатие, рече министерот Бочварски
Распределбата на становите речиси две години се одолговлекува поради административни процедури. Претходно локалната власт, беше посочувана дека ја кочи постапката. Од секторот за урбанизам при општина Гостивар појаснуваат дека за овој проект биле вложени дополнителни напори и нивната обврска е исполнета. Случајот е застанат во процедурите во државниот катастар.
Министерот Бочварски лоцираше уште една причина која дополнително го закочи распределувањето на социјалните станови. Станувало збор за софтверска грешка и проблемот со фирмата која била задолжена да го одржува системот.
-Имаше одреден проблем по тоа прашање, бидејќи претходниот систем не беше функционален. Министерството направи нов, во соработка со стручни лица и наскоро ќе го ставиме во функција. Тоа е важно бидејќи според уредбата, распределбата на становите мора да оди по електронски пат, рече Бочварски
Изградбата на социјалните станови во Гостивар започна пред повеќе од седум години. Проектот е вреден околу 85 милиони денари. Повеќе од извесно дека до крајот на летото нема да има нови станари во социјалните станови, со олед дека огласите ќе траат два месеци
Двете ламели имаат извршен технички прием, се чека на впишување во катастарската документација
Коментарите се затворени.