Учителот Селман Калиси стана почесен граѓанин
Гостивар 17 јуни 2021 Пензионираниот учител Селман Калиси е прогласен за почесен граѓанин на Гостивар. Признанинето со симболичниот “клучот на градот“ го врачи градоначалникот Арбен Таравари на церемонија што се одржа во салата
-Десетици и стотици гостиварци беа едуцирани од наставникот Селман и затоа не случајно нашиот град денес е највиско рангиран кај албанците во земјава. Тоа е дело на овие тивки херои, како што е овој учител кој на гостиварци им подари момчиња и девојчиња кои го сакаат и се грижат за него, рече Таравари.
Калиси во благодарноста за овој чин напомена дека му направена голема чест и дека со овој чин општина Гостивар покажала дека не ги заборава наставниците и го цени нивниот напор и нагласи дека оваа награда треба да биде мотив за новите генерации.
Калиси признанието го заслужи и за неговиот ангажман во КУД „Беса“
каде покрај што подучувал генерации на гитара, хармоника и мандолина, тој дал и придонес со учество и унапредување на интелектуалниот и уметничкиот живот во градот.
Коментарите се затворени.