По 19-ти пат „Другарите за Игор“ меморијален турнир во кошарка
Гостивар, 19 јуни 2021 Утре 20 јуни (недела) во спортската сала „Младост” во Гостивар по 19-ти пат ќе се одржи меморијалниот турнир во кошарка „Другарите за Игор“.
Организаторите најавија два ревијални натпревари со настап на младинските категории на КК Гостивар М16 и М18, а како гости ќе екипите на КК АВ Охрид и кошаркарската репрезентација на Македонија М20. Првиот натпревар е закажан за 16 часот со КК Гостивар М16 и КК АВ Охрид М16, а од 18 часот екипите на Гостивар М18 и младинската репрезентација на Македонија.
Турнирот и оваа година има хуманитарен карактер, собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели во Гостивар.
Турнирот оваа година е под покровителство на Општина Гостивар и КК Гостивар. Овој спортски настан со ревијален карактер е во чест на Игор Билески поранешен кошаркар, кој животот го загуби сообраќајна несреќа на 9 јуни, 2002 година
Коментарите се затворени.